Дома Трансфер зона Коман сака трансфер во Премиер лигата

Коман сака трансфер во Премиер лигата

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката.

Договорот на Коман истекува 2023 година. Тој нема намера да ја продолжи соработката ако не му биде понудена двојно поголема плата, а моментално заработува 8 милиони евра по сезона.

Баерн веќе испрати понуда за нов договор, но 24-годишниот Французин не е задоволен и големи се шансите да го напушти клубот.

„Билд“ пренесува дека таткото на Коман веќе го информирал агентот Пини Захави да работи на трансфер во Премиер лигата.

Баварците нема да му стојат на патот бидејќи не сакаат да им се повтори случајор со Давид Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го сака талентот на Арсенал, Артета има план како да го задржи

Младиот играч за врска на Арсенал, Чарли Патино може да биде повикан за првиот тим, пренес…