Офанзивецот на Баерн Минхен, Кингсли Коман ќе го напушти германскиот клуб до крајот на предониот рок и според најавите негова следна дестинација ќе биде Англија.
Според бројни извори, Коман е опција за Арсенал и Ливерпул. Ливерпул сака да го доведе Федерико Киеза бидејќи Арне Слот сака да ја засили офанзивата, а наводно опција е и Коман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога во прашање е Арсенал, Микел Артета исто така би можел да ја засили конкуренцијата, Мартинели игра променливо, Жесус е често повреден, па не е невозможно да го доведе во финишот од преодниот рок.
Коман може да ги покрива двете крилни позиции што е негова голема предност. Платата е нешто кое би можело да биде проблем, меѓутоа се пишува дека Французинот е спремен да ги намали барањата ако му биде претставен вистински проект.