Алексис Санчез пристигна како големо засилување во Манчестер Јунајтед во јануари 2018 година, но на „Олд Трафорд“ не покажа готово ништо, па се поизвесно е дека ќе го напушти клубот.
Санчез во дресот на Манчестер Јунајтед одигра вкупно 45 натпревари на кои постигна само пет погодоци, а нив ги наплати и тоа како скапо.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Така за нешто повеќе од година и пол на „Олд Трафорд“ тој заработи дури 41 милиони фунти, односно 8.2 милиони фунти за секој постигнат погодок.
Алексис во наредните денови треба да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во Интер, а според договорот Манчестер Јунајтед ќе плаќа повеќе од половина од неговата плата наредната година.