Дома Топ вести Кога „Билд“ ќе објави сериозно е – Игуаин блиску до Премиер лигата!

Кога „Билд“ ќе објави сериозно е – Игуаин блиску до Премиер лигата!

0
higuain

Гонзало Игуаин одигра променлива сезона во Јувентус постигна 15 лигашки погодоци и често беше мета на критики на дел од навивачите.

Медиумите веќе подолго време пишуваат за негово евентуално заминување од Јувентус, наводно „старата дама“ како негова замена е спремна да доведе еден од Алваро Мората и Мауро Икарди.

Мората е реална опција, со тоа што Игуаин според „Билд“ е поблиску до трансфер во Премиер лигата од кога и да било претходно! Како што наведува германскиот гигант контактите веќе биле воспоставени.

Самиот Игуаин во една од своите изјави не криеше дека му се допаѓа Премиер лигата.


Следете го Sportski.mk и на


„Премиер лигата е најдобар во светот. Многу светски фудбалери играат таму, конкуренцијата е пеколна и би сакал еден ден да заиграм во такво натпреварување“, изјави Игуаин.

Пред завршувањето на Мундијалот во Русија веројатно нема да дочекаме официјална понуда или потврда за овој трансфер, но кога „Билд“ нешто ќе објави тогаш е јасно дека е сериозно.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави нова опција за Барселона – Дејан Ловрен?

Барселона има проблем со одбраната и во јануари во Каталонија ќе мора да биде доведен дефа…