Дома Топ вести Клубот не го пушташе, па сам си го плати трансферот тежок 12 милиони евра

Клубот не го пушташе, па сам си го плати трансферот тежок 12 милиони евра

Не е реткост во денешниот фудбал еден играч кога ќе добие понуда која го задоволува, да инсистира да го напушти клубот, но раководството не сака да го пушти, па доаѓа до незадоволство.

Во такви ситуации често клубот го уценува играчот, го држи на трибини, го тера да тренира со јуниорите, се додека не потпише нов договор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Таква судбина не сакаше играчот на Малага и бивши шпански репрезентативец Пабло Форналс. Тој минатата сезона ја одигра одлично, постигна седум гола и запиша три асистенции, па го привлече вниманието на Виљареал.

Со оглед на фактот дека раководството на клубот не сакаше да го пушти, Форналс направи нешто што малкумина би го направиле.

Од свој џеб извади 12 милиони евра со цел да си ја плати слободата и да може да потпише за „жолтата подморница“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…