Дома Фудбал Останато Клубовите се жалаат, на ФИФА не и е гајле за тоа – веќе донесла одлука!

Клубовите се жалаат, на ФИФА не и е гајле за тоа – веќе донесла одлука!

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино тврди дека со сигурност ќе има Светско клупско првенство со 24 клуба во 2021 година, и покрај тоа што големите клубови се против оваа идеја.

Според Инфантино, ФИФА ја направило оваа одлука на состанокот на Советот на ФИФА во петокот, откако Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) во писмо побара да не се носи одлука сега и дека големите европски клубови нема да учествуваат на турнирот во 2021 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед, Јувентус, ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид се само дел од европските гиганти кои беа против оваа идеја на ФИФА, со образложение дека со ваков формат нема да имаат доволно време да ги одморат своите фудбалери, но не наидоа на разбирање од Светската куќа на фудбалот.

Исто така, Инфантино останува на планот да се преговара со организаторите на Светското првенство во 2022 година во Катар турнирот да се прошири на дури 48 репрезентации, од оригиналните 32.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…