Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се двата клуба со најскапи состави во светот, објави Институтот за спортска статистика (ЦИЕС).
Гигантите од Манчестер се единствени клубови кои ја надминуваат границата од 1 милијарда евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тимот на Манчестер Сити е проценет на 1.08 милијарди, додека соседите од „Олд Трафорд“ вредат 1.02 милијарди евра.
На трето место е ПСЖ со вредност од 939 милиони евра, а во Топ 5 се уште Реал Мадрид (787 милиони) и Челзи (780 милиони).