Дома Фудбал Англија Клоп: Тука сум четири години, дали некогаш беше лесно?

Клоп: Тука сум четири години, дали некогаш беше лесно?

Aктуелниот шампион на Европа, Ливерпул ќе мора во последното коло да се бори за пласман во наредната фаза од Лигата на шампионите.

После ремито со Наполи во последното коло на Ливерпул ќе му биде потребен најмалку бод на гости кај Салзбург.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на тимот Јирген Клоп е свесен дека тоа не е баш идеална ситуација.

„Овде сум четири години и кажете дали некогаш било лесно? Минатата сезона моравме да го победиме Наполи, не се сеќавам дека некогаш сме биле под притисок. Беше тешко, меѓутоа успеавме. Луѓето сакаа вечерва да го обезбедиме пласманот, па така гостувањето во Салзбург ќе беше еден туристички излет“, изјави Клоп.

Ливерпул има два бода повеќе од Салзбург и пресметката е јасна – не смеат да изгубат во Австрија ако сакаат да поминат во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…