Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имал средба со преставниците на ѕвездата на Монако Килијан Мбапе, пренесуваат француските и англиските медиуми.
Францускиот „вундеркинд“ е трансфер мета на најголемите европски клубови, „Дејли Мејл“ пренесува дека Клоп го следи Мбапе во изминатите 12 месеци, а сега презел конкретни чекори.
Сепак, Ливерпул малку подоцна се вклучува во трката за Мбапе во која се уште тимовите од Манчестер, Реал Мадрид, ПСЖ и Челси. Неодамна се појавија гласини дека од шпанскиот гигант испратиле понуда од 135 милиони евра за францускиот репрезентативец.
Во изминатата сезона Мбапе стана најголемата сензација во Европа. Фудбалерот одигра 29 натпревари и постигна 15 гола за триумфот на Монако во француското првенство.