Дома Фудбал Англија Клоп со оваа изјава го шокираше фудбалскиот свет!

Клоп со оваа изјава го шокираше фудбалскиот свет!

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп најави дека англискиот клуб веројатно ќе биде последен во неговата тренерска кариера.

Јирген Клоп по седум години минати во Мејнц и Борусија Дортмунд, во 2015 година пристигна „Енфилд“ и седна на кармилото Ливерпул.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Клоп со Ливерпул има договор до 2022 година и најави дека работата во овој клуб веројатно ќе биде последна во тренерската кариера.

„На крајот од кариерата, во своето CV нема да имам десетна клубови. Голема е веројатноста во пензија да заминам како тренер на само три клуба. Малку е веројатно дека ќе почнам да менувам клубови. Лесно ми е да му се посветам на она што го работам бидејќи најчесто станува збор за долгорочни проекти“, изјави Клоп.

Германецот во својата прва сезона на „Енфилд“ со тимот стигна до две финалиња (Лига куп и Лига Европа), но не успеа да освои трофеј. Се надева дека со Ливерпул ќе освои барем една титула до истекот на договрот.

„Доколку го одработам договорот со Ливерпул имам добри шанси да освојам некој трофеј. Би било непријатно доколку тоа не се случи. Луѓето од Ливерпул очекуваат трофеи“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…