Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на последната конференција кратко проговори и за Светското првенство кое ќе се одигра ова лето во Русија.
Клоп секако ќе навива за својата Германија, но откри и дека има симпатии кон Англија, негов трет фаворит е – Исланд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Минатата година бев на Исланд на зимски одмор и можам да ви кажам дека тоа беше моето најдобро искуство во животот. Не можам да верувам дека една толку мала земја со толку мал број на жители направи таков успех. Исланд е исклучително талентирана земја, успешни се и во други спортови, а исто така имаат одлични доктори и слично“.
„Ќе навивам за Германија и за Англија, но ако тие не можат да го освојат нека го освои Исланд. Тоа би била најголемата спортска приказна во историјата“, заврши Клоп.