Дома Фудбал Клоп „создаде“ нова ѕвезда – цел Енфилд му се поклони на 20-годишниот Бредли

Клоп „создаде“ нова ѕвезда – цел Енфилд му се поклони на 20-годишниот Бредли

Јирген Клоп создаде нова ѕвезда на „Енфилд“. 20-годишниот десен бек Конор Бредли доби шанса да игра пред Трент Александер-Арнолд и апсолутно ја оправда довербата на германскиот стручњак.

Младиот дефанзивец се истакна на теренот. Тој го постигна својот прв гол за Ливерпул во вториот настап во Премиер лигата, и запиша две асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 68. минута се случи момент кој ова дете ќе го памети цел живот. Клоп реши да го повлече од игра за да добие аплауз, а цел Енфилд потоа се крена на нозе.

Се слушаа извици „Има само еден Конор Бредли“ и сигурно е дека мечот на ова момче против Челзи ќе се памети додека е жив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олмо изнуди пенал за Барселона. Погледнете како реагираше Јамал потоа

Барселона доживеа пораз од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24. коло на Ла Лига. Гостит…