Германецот е мета на Јирген Клоп, но кокуренцијата за неговиот потпис е навистина силна.
Ливерпул има намера да доведе уште неколку нови фудбалери во текот на лето. Клоп негува напаѓачки и атрактивен фудбал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нова мета како што пренесуваат англиските медиуми во летниот преоден рок ќе биде фантастичниот напаѓач на Лајпциг, Тимо Варнер.
Да потсетиме, Ливерпул веќе обезбеди едно засилување од Лајпциг, а тоа е Наби Кеита кој ќе пристигне во летниот преоден рок.
Евентуалниот трансфер на Варнер би можел да значи и дефинитивно заминување на Даниел Стариџ, Дени Ингс или Дивок Ориги.
Сепак, не е само Ливерпул заинтересиран за потписот на одличниот Вернер, тука се уште Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Вернер оваа сезона постигна 17 погодоци, а покрај тоа забележа и пет асистенции.