Дома Фудбал Останато Клоп раскажа како без акредитација не можел да влезе на доручек (ВИДЕО)

Клоп раскажа како без акредитација не можел да влезе на доручек (ВИДЕО)

Јирген Клоп е светска ѕвезда, а во овие моменти тој е во Катар каде што Ливерпул го очекуваат натпревари на Светското клупско првенство.

Меѓутоа и покрај тоа што Клоп е планетарно познат обезбедувањето во Катар немало пропусти за Германецот. Клоп во разговор за „Би-Би-Си“ откри дека не му било дозволено да влезе на доручек бидејќи не ја носел со себе потребната акредитација.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Се симнав на доручек, му викам добро утро на човекот од обезбедувањето, а тој ми вели: Пропусница?. Му го покажав грбот на Ливерпул на облеката, меѓутоа само ме погледна и ми повтори: Пропусница? Ние имаме акредитации кои докажуваат дека сме членови на Ливерпул и треба да ги носиме. Обезбедувањето е од Катар, па јас морав да се вратам и да ја земам акредитацијата за да влезам. Човекот не е виновен, јас сум виновен. Некогаш мислиме дека сме во центарот на вниманието, но не е секогаш така“, раскажа Клоп со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриен медицинскиот извештај кој покажа зошто Мбапе ослабе шест килограми за неколку дена

Светските медиуми во текот на целиот ден пишуваат на оваа тема, наведувајќи информации кои…