Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на коленото на мечот против Евертон и ќе ја пропушти целата сезона.
Поради тоа приоритет на „црвените“ во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а медиумите на Островот тврдат дека „црвените“ веќе започнале преговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првично се споменуваше Скриниар од Интер, но неговата цела е превисока, па Ливерпул ќе се сврти кон Озан Кабак од Шалке.
Турскиот репрезентативец важи за голем талент и ова лето беше на мета на Милан, но остана во Шалке.
„Црвените“ веќе ги започнале преговорите и сакаат уште сега да го договорат трансферот за во јануари Кабак да може да се приклучи на тимот на Клоп.