Ливерпул вчера изгуби со 1:0 на гости кај Саутемптон и тоа е веќе трет натпревар во низа на кој „црвените“ немаат победа во Премиер лигата.
Во овој дуел видовме и еден спорен момент кога во Ливерпул сметаа дека треба да добијат пенал, но главниот судија на мечот и оние во ВАР собата сметаа поинако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав навистина добар поглед на ситуација и го прашав четвртиот судија: Ќе го проверувате ова? Тој ми одговори дека веќе го провериле и дека 100% не е пенал. Јас навистина не знам како може толку брзо да ја видат ситуацијата од различни агли“.
„Сега слушнав и дека Манчестер Јунајтед има повеќе пенали добиено во две години отколку мојот тим за пет ипол години колку што сум тука“, изјави Клоп.