Дома Фудбал Англија Клоп: Кутињо е како Дел Пјеро

Клоп: Кутињо е како Дел Пјеро

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Баерн Минехен направил вистински погодок со ангажманот на Филипе Кутињо.

Клоп го спореди Бразилецот со легендарниот Дел Пјеро и откри дека сакал да го врати во Ливерпул, но не можел да си го дозволи финансиски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Баерн доби доминантен играч кој може да му помогне на тимот, а може да биде и клучен. Секако, не веднаш, но на крајот, клубот ќе добие одличен играч. Во Ливерпул, тој ретко играше на својата омилена позиција – десетка, но може да одговори и на левата офанзивна страна. Уште од деновите на Алесандро Дел Пјеро, не сум видел играчи кои постигнуваат голови од такви агли и позиции“, изјави Клоп.

Кутињо оваа сезона во Баерн ќе игра како позајмен играч од Барселона, а Баварците ќе имаат можност следното лето да го откупат за 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стадионот на „Бернабеу“ носи златни приходи за Реал Мадрид

Реал Мадрид очекува да генерира приходи од над 400 милиони евра од својот стадион „Бернабе…