Дома Фудбал Англија Клоп: И да истрчаме голи на терен, пак сите ќе гледаат во Салах!

Клоп: И да истрчаме голи на терен, пак сите ќе гледаат во Салах!

Во соблекувалната на Ливерпул владее одлична атмосфера оваа сезона, а покрај добрите резултати за тоа заслужен и тренерот Јирген Клоп.

Германецот откри една анегдота која се случила пред реваншот од чевртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кога требаше да се појавиме на тренинг во Манчестер им реков на играчите: Момци ајде сите да излеземе голи на терен, секако никој нема да забележи – сите ќе го гледаат само Салах“, изјави Клоп низ смеа.

„Навистина е одлична атмосферата во тимот и на сите им е драго поради вниманието кое Салах го добива. Станува збор за одлична група со која работам. Секако дека на атмосферата влијаат и добрите резултати, но има и примери каде има и одлични играчи и добри резултати, но нема позитивна енергија во соблекувалната“, додаде харизматичниот Германец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен натпревар на Вембли: Тухел го изрази своето незадоволство од судиските одлуки

Англија и Уругвај го одиграа својот пријателски натпревар на Вембли, завршувајќи со резулт…