Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп порача дека е задоволен од извлекувањето за групната фаза во ЛШ.
Ливерпул во оваа сезона ќе ја брани титулата европски првак и прилично добро поминаа што се однесува на противниците во групната фаза. Црвените во групата ќе се сретнат со Наполи, Салзбург и Генк.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Но, неверојатно е што Ливерпул повторно се најде во група со Наполи, кој им направи многу проблеми претходната сезона. Исто така, Наполи е тим кој често се среќава со тимовите кои ги предвоти Клоп.
„Зарем повторно тој Наполи? Не знам колку пати сум водел клуб против Наполи, но очигледно е дека се добра и искусна екипа. Претходната година Алисон не спаси од испаѓање против нив. Тие за малку ќе не елиминираа уште во групната фаза, а ние на крајот го освоивме трофејот.“ – изјави Клоп.
„Што се однесува до Салзбург или Генк многумина мислате дека тоа се мали екипи, но тоа не е така. Тие имаат млади тимови кои сакаат успех и ќе биде интересно да се игра против нив. Ова не е лесна група, но можевме да поминеме и полошо.“