Дома Фудбал Англија Клоп: Жозе беше очаен од првиот момент – добредојде назад

Клоп: Жозе беше очаен од првиот момент – добредојде назад

Meнаџерот на Ливерпул Јирген Клоп пред гостувањето во натпреварот со Кристал Палас му посака добредојде на својот колега Жозе Мурињо кој го замени Маурисио Покетино во Тотенхем.

Клоп му посака добредојде на својот колега.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Добредојде назад Жозе. Убаво што се врати. Беше очаен, можеше да се види тоа од првиот момент кога остана без работа. Работите многу брзо се менуваат, пред пет месеци игравме финале против Покетин, а сега тој е на одмор. Фантастично работеше во Тотенхем, кога прв пат ја прочитав вест не ми се веруваше. Се надевам дека ќе ужива во одморот, Жозе е мотивиран и ќе биде интересно“, изјави Клоп.

Потоа тој зборуваше за ситуацијата со повредените играчи.

Вирџил е 100% спремен. За останатите не можам да го кажам тоа, Фабињо, Фирмино, Ванијалдум сите играа во вторникот. Ќе видам како ќе се одвиваат работите. Салах во четвртокот тренираше, но само онака како што сакавме. Мораме да бидеме внимателни“, порача Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…