Англиските медиуми се сигурни дека првото засилување на Ливерпул ова лето ќе биде дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.
Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 35 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Конате веќе ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на 5-годишен договор.
Клоп беше во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.
Интерес за Конате покажуваа уште Арсенал, Тотенхем и Барселона, но „црвените“ успеаа да ја победат конкуренцијата.
RB Leipzig centre-back Ibrahima Konate has agreed a 5-year contract to join Liverpool.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 6, 2021
His €35m release clause is set to be triggered by the Reds this summer.
(Source: talkSPORT) pic.twitter.com/2rAmil6nAA