Дома Трансфер зона Клоп во финишот од преодниот рок тргнува по голман од Серија А?

Клоп во финишот од преодниот рок тргнува по голман од Серија А?

klop

Како што пренесуваат медиумите во Англија и Шпанија, Јирген Клоп сака да доведе нов голман.

„Црвените“ во текот овој преоден рок завршија две големи зделки. Прво го купија Вирџил Ван Дијк од Саутемптон за сума од 80 милиони евра, а потоа го продадоа Фелипе Кутињо на Барселона за сума од 160 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По трансферот на Кутињо јасно е дека во касата на „црвените“ има пари и поради тоа често пати овој месец Ливерпул се доведуваше во врска со голем број фудбалери, а сега со тимот на Клоп се поврзува и еден голман.

Во прашање е чуварот на мрежата на Рома, Бразилецот, Алисон Бекер.

Алисон во Рим пристигна летото 2016 година од Интернационал за околу осум милиони евра. Во последно време интерес за неговите услуги покажаа бројни клубови.

Најмногу се поврзуваше со ПСЖ, но сега во целата приказна се вмешува и Ливерпул.

Јасно е дека Клоп има проблем со голманите, Мињоле не е доволно добар избор за амбициите на клубот, Кариус доби шанса но ниту тој не е по „вкусот“ на управата на клубот.

Сепак се поставува прашањето дали е паметно после заминувањето на Кутињо парите да се трошат на доведување на голман, а не на офанзивен играч каде што е јасно дека се отвори голема „дупка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…