Манчестер Јунајтед ја активирал клаузулата во договорот на Андер Ерера според која неговиот договор автоматски се продолжува на уште една сезона, пренесоа англиските медиуми.
Актуелниот договор на Ерера истекуваше на крајот на сезоната, а според англиските медиуми Барселона и Атлетико Мадрид покажуваат силен интерес за Шпанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со активирањето на клаузулата од „Олд Трафорд“ ја спречија можноста играчот за врска да замине на крајот на сезоната без обештетување. Според „Сан“ од Манчестер Јунајтед дури сакаат да започнат преговори за нов договор.
Ерера пристигна во Манчестер Јунајтед од Атлетико Билбао во 2014 година, а минатата сезона беше пригласан за најдобар фудбалер.