Дома Останати Тенис Кирјос објави видео од Новак и друштвото и порача: Немојте после да ми кажете дека јас правам глупости (ВИДЕО)

Кирјос објави видео од Новак и друштвото и порача: Немојте после да ми кажете дека јас правам глупости (ВИДЕО)

Oткако Новак Ѓоковиќ објави дека тој и сопругата Јелена се позитивни на коронавирус следуваа реакции во тениската и спортската јавност.

Новак од Задар отпатува назад во Белград за да се тестира на коронавирус и денес ги доби резултатите. Тој и неговата сопруга Јелена се позитивни, додека нивните деца не се заразени.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Првиот тенисер во светот доби голем број критики, но јавно се извини и порача дека се правел од чисто срце и со најдобра намера.

Меѓу најгласните критичари беше и Австралиецот Ник Кирјос кој и вчера го критикуваше самото одржување на турнирот. Денес се огласи повторно.

„Моите молитви се со сите играчи кои се заразија со коронавирус. Само немојте повеќе да ми зборувате дека моите постапки се неодговорни и глупави. Ова нема никаква конкуренција“, напиша Кирјос на социјалните мрежи и додаде видео на кое Ѓоковиќ, Димитров, Чориќ и останатите се забавуваат во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Иванишевиќ добива нов ангажман – ќе го тренира Циципас

Тениската вест на денот доаѓа од Атина. Според „Газета“ од таму, Горан Иванишевиќ ќе стане…