Дома Останати Тенис Кирјос го потсети Ѓоковиќ: Каде ми е вечерата?

Кирјос го потсети Ѓоковиќ: Каде ми е вечерата?


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Од моментите кога Ѓоковиќ поминуваше низ тежок период во Австралија и кога Ник Кирјос му искажа јавна поддршка односот помеѓу нив двајца значително се подобри.

Во неделата Ѓоковиќ го победи Кирјос во финалето на Вимблдон. Пред овој меч двајцата се обложија победникот да части вечера и пијачка. Ѓоковиќ победи, па Кирјос си го побара заслуженото.

„Каде е мојата вечера?“, запраша Кирјос преку социјалните мрежи.

Набрзо стигна одговорот на Ѓоковиќ.

„Извини дургар. Ги побарав рестораните во Лондон во неделата вечерта, но немаа слободна маса. Честам вечера во Њујорк“, гласеше одговорот на Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Спектакл во Рим: Ѓоковиќ и Бејл заедно играа голф 🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Новак Ѓоковиќ учеству…