Дома Фудбал Англија Кинезите ќе потрошат богатство само на данок во трансферот на Диего Коста

Кинезите ќе потрошат богатство само на данок во трансферот на Диего Коста

Приказната за трансферот на Диего Коста во светските медиуми се пишува веќе со месеци. Но, откако кинескиот фудбалски сојуз донесе нови празила за оданочување на трансферите, Тијанжин добро ќе размисли.

Кинезите со месеци на Челзи им нудат околку 90 милиони евра, а на Коста околку 35 милиони евра годишна плата. Но, според новите правила, кинеските клубови кои работаат со загуба, ќе мораат да платат 100% данок за трансферите.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во доменот „клубови кои работаат со загуба“ спаѓаат сите членови во кинеската Суперлига, како и Тијанжин, кој веќе потроши огромни суми на трансфери, исто така ќе мора да плати и огромен данок. Така, трансферот на Диего Коста, неговиот клуб би го чинел неверојатни 180 милиони евра, каде што не е пресметана неговата плата.

Кинезите на тој начин сакаат да го спречат непланираното трошење на краткорочни решенија од Европа, односно играчи кои за една или две сезони доаѓаат за да заработат пари за кои во Европа би требало да работат пет или шест години. Сите пари од данокот ќе бидат уплатени во кинеските фудбалски школи и ќе бидат инвестирани во работата со младите категории.

Освен тоа, кинеските клубови ќе мораат во стартните единаесет да имаат по еден У23 играч од Кина за секој странец кој ќе истрча на тревникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп Гвардиола постави ултиматум на управата на Манчестер Сити: Направете го ова или веднаш си заминувам!

Пеп Гвардиола во 2016 година ја замени клупата на Баерн Минхен за клупата на Манчестер Сит…