Дома Фудбал Италија Киелини: На Астори не го посветивме само овој натпревар, туку секој момент од тој ден (Видео)

Киелини: На Астори не го посветивме само овој натпревар, туку секој момент од тој ден (Видео)

Џорџо Киелини пред натпреварот најемотивно ја доживеа минутата молк за Давид Астори пред натпреварот помеѓу Тотенхем и Јувентус.

Италијанецот заплака во текот на оддавањето почит на капитенот на Фиорентина, а неговата голема тага можеше да се забележи и во изјавата по натпреварот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„На Астори не го посветивме само овој натпревар, туку секој момент од тој ден. Јас плачев многу пати поради неговата смрт, беше фантастичен играч. Двојно потешко да прифатиме беше бидејќи мораше да размислуваме за натпреварот. Тој засекогаш ќе остане во нашите срца. Ова е премногу тешка ситуација, но мораме да го продолжиме својот живот“, порача Киелини.

Јувентус го победи Тотенхем во вчерашниот натпревар (1:2) и се пласираше во 1/4 финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим сакаше да ги отпише, но Керик верува во нив: Јунајтед подготви нови договори за двајца играчи!

Коби Мејнo и Хари Мегваер наскоро треба да потпишат нови договори со Манчестер Јунајтед, с…