Дома Фудбал Италија Киеза им се налути на новинарите: Вие сакате кога Јувентус лошо

Киеза им се налути на новинарите: Вие сакате кога Јувентус лошо

Во едно дерби средбите во Лигата на шампионите Јувентус на свој терен со минимални 1:0 го совлада актуелниот европски шампион Челзи со 1:0.

После неубедливите игри на „Старата дама“ во Серија А Јувентус конечно одигра добар меч во склад со репутацијата, одличен беше Федерико Киеза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Kиеза го постигна единствениот гол на натпреварот, а после мечот зборуваше за наводниот лош однос помеѓу него и Алегри.

„Никогаш не сум имал проблем со тренерот, се работи за шпекулации. Правам се што се бара од мене. Вие новинарите сакате кога Јувентус игра лошо, во тие моменти изнесувате безмислени работи“, изјави Киеза.

Јувентус во Лигата на шампионите после две кола има исто толку победи, а во третото коло ќе се сретне со Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан не сака да погреши како Реал: Иако Модриќ игра фантастично, тие веќе имаат негов наследник

Синоќа, Милан оствари голема победа на гостувањето кај Болоња (0:3) во 23-то коло од итали…