Репрезентацијата на Босна и Херцеговина доживеа тежок пораз во квалификациите за ЕП 2024 на гостувањето во Луксембург.
Луксембург ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина во групата Ј со убедливи 4:1.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Португалија очекувано го совлада Лихтенштајн со 2:0 на гостински терен, а Словачка со 4:2 го совлада Исланд и со тоа го потврди пласманот на ЕУРО, исто како што тоа го направи Португалија претходно.
Португалија има максимални 27 бода од девет одиграни натпревари, а Словачка е втора со 19.
Луксембург собра 14 бодови, Исланд има десет, Босна и Херцеговина е петта со девет бодови, а Лихтенштајн е на дното на табелата без бодови.
Избраниците на Милошевиќ во недела во Зеница во последното коло од квалификациите ќе играат против Словачка.
Фудбалската репрезентација на Црна Гора ја совлада репрезентацијата на Литванија во Подгорица со резултат 2:0 во натпреварот од групата Г.
Избраниците на тренерот Миодраг Радуловиќ со третиот триумф ги задржаа теоретските шанси за пласман на шампионатот.
На црногорската репрезентација и е потребна победа во Унгарија и пораз на Србија од Бугарија во последното коло в недела за пласман на ЕП.
Во вториот натпревар од групата Г, Бугарија и Унгарија одиграа 2:2 во Софија, а бодот од тој натпревар и беше доволен на Унгарците да обезбедат пласман на ЕП.