Дома Фудбал Кафу откри кој е најдобриот играч со кој играл и најдобриот против кој играл

Кафу откри кој е најдобриот играч со кој играл и најдобриот против кој играл

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот Кафу, даде интервју за Дејли Мирор во кое откри кои за него се најдобрите бекови на денешницата, кој е најдобриот играч против кој играл итн.

Да потсетиме, Кафу најславните денови во кариерата ги помина во Рома и Милан, а во тоа време важеше за најдобар бек на светот. Во кариерата освои се што можеше да се освои: ЛШ, СП, Серија А…

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговите зборови секако имаат дополнителна тежина, па новинарот за почеток за запраша кои за него се најдобрите десни бекови на денешницата.

„Во овој момент според мене, тоа се Дани Алвес, Дани Карвахал и Данило.“ – изјави Кафу, кој го изостави Волкер за кој многумина сметаа дека е најдобриот десен бек на светот.

Исто така, го избра најдобриот играч со кој играл во кариерата.

„Имаше многу, но ако мора да изберам еден, тоа е Роналдињо.“ – рече Кафу, па го избра и најдобриот против кој играл.

„Зинедин Зидан. Тој беше фантастичен.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сенегалски судија стана хит: Погледнете што направи по натпревар од афричката Лига на шампиони (Видео)

Сенегалскиот судија Иса Си примени уникатен пристап за да спречи нереди по неизвесниот нат…