Дома Фудбал Италија Катастрофата на Италија донесе и „потоп“ за Јувентус

Катастрофата на Италија донесе и „потоп“ за Јувентус

Тимот на Јувентус денес во рамките од 13 коло во италијанската Серија А го запиша вториот пораз во сезоната и тоа со 3:2 против Сампдорија.

Во овој натпревар за Јувентус не настапија Џанлуиџи Буфон и Андреа Брзаљи и како што пренесуваат италијанските медиуми, причината не бил натпреварот кој Јувентус во среда го игра против Барселона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Според медумите во Италија, Буфон и Брзаљи побарале од тренерот Алегри да бидат изоставени за овој натпревар поради тоа што не биле во состојба да настапат по катастрофата која и се случи на Италија во баражот за Светското првенство против Шведска.

Италијаните не се квалификуваа на Светското првенство, а Буфон и Брзаљи тоа толку многу ги погодило што не можеле да истрчаат на теренот.

Треба да потсетиме и дека натпреварот против Шведска беше последен настап за репрезентацијата и за Буфон и за Брзаљи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …