Весникот „Мундо Депортиво“ кој секогаш е добро информиран за случувањата во Барсеона, пренесува дека каталонскиот клуб е заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Станува збор за Антони Марсијал, кој после доаѓањето на Мурињо го загуби првотимскиот статус и не е задоволен од статисот кој го има на „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез бил во Лисабон за да го следи токму Марсијал, открива весникот.
Марсијал пристигна на „Олд Трафорд“ од Монако како големо засилување и стана најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот, но не успеа да го покаже својот потенцијал.
Французинот не ја добива посакуваната минутажа кај Мурињо, но ова лето остана на „Олд Трафорд“ иако имаше многу понуди од европските гигнати.
Неговиот договор истекува во 2019 година и нема преговори за продолжување на истиот, а Барселона внимателно ја следи ситуацијата и сака да го донесе на „Камп Ноу“.