Во Каталонија ги обвинија судиите за двоен стандарт за судиските одлуки на синоќешното дерби со Атлетико Мадрид кое заврши со резултат 2:2.
Главниот судија Ернандес досуди два пенали за гостите, а досуди и повторно изведување на првиот, откако Тер Штеген го одрбани ударот на Диего Коста.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Во оваа ситуација судијата во ВАР собара, Матео Лахос сигнализираше дека голманот ја напуштил гол линијата со двете нозе. При повторното изведување, Саул Нигез беше прецизен за израмнување на 1:1.
На повторените снимки јасно се гледа дека Анхел Кореја е влезен во казнетиот простор додека неговиот соиграч го изведува пеналот.
Каталонски „Спорт“ тврди дека и овој удат требало да биде поништен и повторно да се изведе пеналот.
