Дома Фудбал Останато Касиљас не се откажува: За прв пат се појави на тренинг после срцевиот удар (ФОТО)

Касиљас не се откажува: За прв пат се појави на тренинг после срцевиот удар (ФОТО)

На почетокот на мај фудбалскиот свет го потресе веста за ненадејниот срцев удар на легендарниот голман Икер Касиљас.

Тој настан се случи на 1-ви мај на тренингот на Порто, а потоа агентот на Касиљас објави дека Икер имал среќа што тоа се случило на тренингот во присуство на докторите на португалскиот тим кој интервенирале пред да биде пренесен во болница.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Касиљас му беше вграден стент. На големо се пишуваше дека тоа е крај на неговата кариера, но самиот голман на социјалните мрежи пред неколку недели најави дека нема да се откаже и дека ќе се обиде да се врати на терените.

Дека навистина Касиљас има желба да се врати покажува неговиот денешен потег – Касиљас се појави на првиот тренинг на португласкиот гигант.

Првиот тренинг во клубовите вообичаено е резервиран за медицински прегледи, меѓутоа секако е најава дека Касиљас ќе направи се за да продолжи да брани иако има 37 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…