Според последните најави од Шпанија и Англија, Реал Мадрид и дефинитивно се согласил на продажба на Касемиро.
Манчестер Јунајтед имаше катастрофално отварање на сезоната во кое беа поразени од Брајтон и Брентфорд, па броз се бараше решение. Реал се согласил да го продаде 30-годишниот играч од средниот за 70 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога е Касемиро во прашање со клубот од „Олд Трафорд“ ќе потпише договор на четири години со заработка од 18 милиони евра. На Јунајтед му се брзаше и немаше избор, па затоа Реал и Бразилецот можеа да бараат одлични финансиски услови.
Во Мадрид Касемиро игра од 2013 година, една сезона помина на позајмица во Порто. Дебито во Премиер лигата би можел да го има веќе во понеделник кога „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со големиот ривал Ливерпул.