Дома Топ вести Касемиро: И да имам илјада животи не можам да го вратам она што ми го овозможи Реал Мадрид

Касемиро: И да имам илјада животи не можам да го вратам она што ми го овозможи Реал Мадрид

Вчера вечерта беше потврден трансферот на Бразилецот Касемиро во Манчестер Јунајтед, а денес Бразилецот и се збогуваше со клубот од Мадрид.

Касемиро во Мадрид пристигна во 2013 година, а првите чекори ги направи во вториот тим. Сезоната 2014/2015 ја помина на позајмица во Порто, а потоа беше незамнелив во првиот состав на „кралевите“ и со овој клуб освои се што можеше да се освои.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со емотивна порака сега се збогуваше од својот поранешен клуб.

„Ја живеев најфантастичната приказна што можев да си ја замислам. Се надевам дека еден ден повторно ќе се вратам на местото кое го сметам за мој дом. Ниту во илјада животи не би можел да му вратам на Реал Мадрид за она што ми го овозможи. Засекогаш… Хала Мадрид“, стои во пораката од Касемиро.

Иако се очекуваше трансферот да изнесува 70 милиони евра, сепак најверојатно станува збор за вкупна сума од 85 милиони евра – сите детали за овој трансфер ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Предизвика хаос на „Ел Класико“, сега се теши покрај убавица: Стигна потврда која е новата девојка на Винисиус (Фото)

Телевизиската водителка и инфлуенсерка Вирџинија Фонсека (26) сподели на Инстаграм серија …