Антонио Конте веројатно е најбараниот фудбалски тренер во Европа.
Името на италијанскиот стратег се споменува како можно решение на голем број клубови ширум Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Јувентус, Челзи и репрезентацијата на Италија е слободен од минатото лето кога доби отказ на „Стенфорд Бриџ“. Скоро секојдневно неговото име се поврзува со разни клубови.
Денес тој даде изјава во која порача дека во овој момент постојат поголеми шанси тој да тренира клуб од Серија А.
„Веројатноста да работам во Италија е голема, но исто така голема е и веројатноста да работам во странство. Можно е да одмарам уште една година. Важно е да одам во клуб кој ќе може да се бори за титули. Можноста да работам во италијански клуб е 60%, за во странство 30%, а да одмарам е само 10%“, искрен беше Конте.
Ciro Ferrara: “I met Conte during the week. He has clear ideas about his future but I won’t say where he will go.”
Cassano: “Come on, he will go to Milan.”
Ferrara refuses to respond pic.twitter.com/gQmdqkblX3
— Enock Kobina Essel (@kobinaessel39) May 6, 2019
На тоа наведува и изјавата на Антонио Касано во италијанската емисија „Тики Така“.
Поранешниот соиграч на Конте, Чиро Ферара порача дека разговарал со Конте и дека знае каде еден од најдобрите тренери ќе ја продолжи кариерата, но не сакаше да открие каде. До него седеше Касано кој додаде.
„Ма дај, Конте ќе биде тренер на Милан“, порача поранешниот италијански напаѓач.