Toм Бруит е роден во Ливерпул и во клубот помина 10 години, беше и капитен на развојниот тим, а сега раскажа дека пред пет години намерно повредил соиграч за тој да дебитира.
Во еден момент од сезоната 2015/2016 Ливерпул имаше проблеми во одбраната тогаш во аут беа Мамаду Сако, Коло Туре и Шкртел и на првиот тим за мечот од ФА Купот против Екстер Сити му бил потребен помош од младинциите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бруит раскажа како намерно повредил соиграч за тој да биде оној кој ќе дебитира.
„Бев сигурен дека еден од мене и Ден Клири ќе дебитира за првиот тим на Ливерпул. Со Ден имавме добар однос, но тогаш заврши. Донесов одлука, тој или јас и не го штедев на тренинзите. Во периодот помеѓу Божиќ и Нова Година постојано бев до него и го клоцав. Не сакав тешко да повредам, сакав само да биде доволно во аут за јас да бидам тој кој ќе дебтириав“.
Работата ја завршил на една недела пред мечот.
„Намерно задоцнив со стартот и го „собрав“. Беше лош старт, знаев дека беше лошо и не сум горд на тоа што го натпревар. Меѓутоа не се ни срамам, таква беше ситуацијата тој да дебитира или јас, избрав јас да дебитирам. На патерици беше две недели, па мојата мисија во тој дел беше успешна“.
Не дебитирал затоа што кармата го стигнала.
„Кармата ме стигна само недела подоцна. Во мечот против Морекомб, само четири дена пред натпреварот на првиот тим против Екстер. Тогаш знаев ако тука се биде во ред ќе дебитирам. После само 30 минути игра во еден воздушен дуел се судрив, окото ми потече. Продолжив да играм, но докторот на полувремето ме праша колку е резултатот, а јас немав поим, не знаев каде се наоѓам. Сигруно погрешно одговорив на се што ме праша, но очајно сакав да играм против Екстер. Десет дена мораше да одмарам затоа што добив потрес на мозок“, откри Бруит.