Дома Трансфер зона Карлос Бака се сели во Франција!

Карлос Бака се сели во Франција!

Како што пренесуваат италијанските медиуми напаѓачот на Милан, Карлос Бака е многу блиску до преселба во Франција, во редовите на Марсеј.

„Росонерите“ ова лето прават реконструкција на тимот, веќе го доведоа Андре Силва, сакаат да донесат уште еден напаѓач, па јасно е дека за Карлос Бака нема повеќе место на „Сан Сиро“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


За 30-годишниот Колумбиец интерес покажаа и Вест Хем и Валенсија, но Марсеј беше најбрз и веќе постигнал договор со неговиот агент.

Сега истанува уште двата клуба да се договорат околу обештетувањето. Милан за неговата слобода бара 25 милиони евра, додека францускиот клуб е спремен да плати 20 милиони.

Медиумите тврдат дека во следните денови лесно може да биде „испеглана“ разликата со вклучување на одредени бонуси и дека трансферот ќе биде комплетиран.

Милан веќе е во потрага по нов напаѓач, а италијанските медиуми тврдат дека веќе започнал преговори со Фиорентина за Никола Калиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бонучи откри: Два пати го одбил Гвардиола поради Јувентус и Милан

Поранешниот италијански дефанзивец, Леонардо Бонучи на крајот од минатата сезона објави кр…