Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни само два натпревари.
Голден Стејт на домашен терен славеше победап ротив Минесота со 124:115 и така Вориорси стигнаа до четвртата победа во низа, а 36-та оваа сезона во НБА. Стеф Кари го предводеше својот тим со 29 поени, додека Клеј Томпсон постигна 23, а Ендрју Вигинс мечот го заврши со 19 поени.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Кај Минесота која е на скор од 24/24 Карл Ентони Таунс со 31 поен и 12 скока беше најефикасниот.
Кошаркарите на Филаделфија на домашен терен славеа со Лејкерси 105.87. Џоел Ембид го предводеше својот тим со 26 поени, девет скокови и седум асистенции. Тобијас Харис додаде 23 поени за победниците, додека Тајрис Мекси уфрли 14 поени и подели 10 асистенции.
Лејкерси играа без Леброн, а најдобар беше Ентони Дејвис со 31 поен и 12 скока. Вестбрук го заврши натпреварот со 20 поени.