Дома Фудбал Капело: Меси е фудбалскиот Павароти!

Капело: Меси е фудбалскиот Павароти!

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го спореди Лионел Меси со најдобриот оперски пеач на сите времиња Лучијано Павароти.

Капело притоа го коментираше престојниот дуел во Лигата на шампиони помеѓу Јувентус и Барселона.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„На Јувентус воопшто нема да му биде лесно, иако одлично знаат како треба да се бранат против Каталонците. Не смеат да се опуштат ни секунда, доколку сакаат да се пласираат во полуфинале. Според мене шансите се 50-50“, изјави Капело.

Новинарите му сугерираа дека предност за „старата дама“ би можело да биде слабата форма на Лео Меси.

„Меси во криза? Мора да се шегувате. За мене Меси е фудбалскиот Павароти. Никогаш не потфрлил кога е најпотребно, сигурен сум дека уште многу години ќе биде на врвот“, заклучи Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ на прагот на трансфер во Арсенал

Арсенал активно бара врвен напаѓач, а првата цел на тренерот Артета е талентираниот Душан …