Дома Фудбал Останато Кансело: Гвардиола е голем лажго!

Кансело: Гвардиола е голем лажго!

Португалецот, Жоао Кансело кој од претходно не е во добри односи со Пеп Гвардиола сега и јавно го критикуваше шпанскиот стратег.

Кансело се уште е под договор со Манчестер Сити, но јасно е дека повеќе нема да заигра за овој клуб. Португалскиот репрезентативец го нарече Гвардиола „голем лажго“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Видов што кажа за мене. Изјави дека сум бил лош соиграч и сум ја нарушувал атмосферата. Прашајте кого сакате од моите колеги во Сити каков бил мојот однос. Пеп е еден голем лажго. Успешен е поради неговиот жесток пристап, понекогаш методите му се навистина бескруполозни. Ниту еднаш не сум дозволил да изнесам невистини за него или за било кој друг. Многу ме разочара“, изјави Кансело.

Кансело играше за Сити од 2019 година и вкупно запиша 98 натпревари во кои постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …