Огромен интерес владее во Италија за македонските напаѓачи Александар Трајковски и Илија Несторовски.
Палермо се најде во големи проблеми откако поради лошто финансиско работење на сопствениците прво беше исфрлен во Серија Ц. Подоцна Фудбалскиот Сојуз на Италија ја промени одлуката и Палермо го врати во Серија Б, но сезоната ќе ја започне со -20 бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради таквата ситуација се очекува најдобрите играчи на клубот помеѓу кои се нашите Трајковски и Несторовски да си заминат во овој преоден рок.
Интересот за Несторовски е поголем неговото име во медиумите Италијанците го поврзуваа со Џенова, Лече Сасуоло…, а неодамна во редот за потписот на Нестор застана и Црвена Звезда, но изгледа дека македонскиот напаѓач преферира кариерата да ја продолжи во Италија.
Сега „Тутомеркато“ повикувајќи се на „Жорнале Ди Сицилија“ објави дека Несторовски не е единствениот играч за кој Лече покажал интерес.
Според текстот кој го напишал новинарот Лука Бергелини, Лече сака да го доведе и Трајковски. Засега потенцијалната понуда не се открива колкаква би била.
Tрајковски во Палермо настапува од 2015 година, претходно го носеше дресот на Зулте Варагем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55 каде што ја започна кариерата.