Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го договорил трансферот на Никола Калиниќ од Фиорентина, па напаѓачот во четврток и официјално ќе стане нов член на „росонерите“.
Милан за трансферот на Калиниќ на Фиорентина ќе и плати 25 милиони евра, а Хрватот на „Сан Сиро“ ќе пристигне како замена за Карлос Бака кој за 18 милиони евра се сели во Виљареал.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека тоа нема да биде крај на трансфер пазарот на „росонерите“ бидејќи раководството сеуште располага со буџет од околу 80-100 милиони евра.
Најголема желба на раководството е Пјер Емерик Обамејанг, кој исто така јавно потврди дека сака да се врати на „Сан Сиро“, па останува да видиме дали „росонерите“ ќе успеат да го договорат овој трансфер.
Притоа, Милан е во потрага и по уште еден играч за врска, а на листата се Ренато Санчез од Баерн Минхен и Сержи Роберто од Барселона.