Престојниот летен преоден рок би можел да трае цели осум месеци, што е незапаметено во фудбалската историја.
Поради пандемијата со коронавирусот сите фудбалски лиги во светот се запрени. Поради тоа клубовите бележат големи загуби и нивните буџети се на голем удар.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Токму поради тоа клубовите официјално побараа од ФИФА да се продолжи летниот преоден рок за да имаат доволно време да ги реализираат трансферите бидејќи веројатно е дека двете сезони ќе се преклопат.
Па така истовремено додека трае сезоната би можел да биде отворен и трансфер пазарот, поточно летниот и зимски преоден рок да се спојат, за клубовите да имаат доволно време за реализација на посакуваните трансфери.
ФИФА сериозно го разгледува овој предлог и нема да биде изненадување доколку го прифати.