Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд беше еден од најбараните играчи на трансфер пазарот, но сепак на крајот остана во Бундеслигата.
Најсилен интерес ова лето за Халанд покажуваше Челзи. „Сините“ спремија богата понуда, но трансферот пропаднал поради астрономската провизија која ја побарал неговиот менаџер, Мино Раиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на „Билд“, Раиола покрај високата плата побарал и провизија од 40 милиони евра за себе.
Халанд има откупна клаузула која се активира следното лето и изнесува 75 милиони евра, но клубот кој што сака да го донесе ќе треба да ја плати и провизијата за Раиола.
TRUE ✅ Mino Raiola demanded a wages of €50m/year for Erling Håland from @ChelseaFC this Summer, in addition to agents fees of €40m
— Christian Falk (@cfbayern) August 25, 2021