Лука Модриќ е човекот најзаслужен за тоа што најталентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер во наредните години ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Талентираниот фудбалер ги избра Кралевите пред Барселона и реши да потпише договор со мадридскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најталентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер (18) е нов играч на Реал Мадрид.
Талентираниот играч за врска ја прифати понудата на кралскиот клуб пред Барселона, а главна заслуга за неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ има хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Кралевите го ангажираа Лука Модриќ да ја заврши работата. Го зеде мобилниот телефон, му се јави на младиот играч за врска на Фенербахче и работата заврши многу брзо.
„Јас заминувам следната сезона и сакам да ви ја предадам мојата „десетка““, наводно му рекол Лука Модриќ на овој 18-годишник, а според одредени информации во се учествувал и Тони Крос.
Арда Ѓулер кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Барселона испадна од игра, а Фенербахче за овој трансфер ќе добие 20 милиони евра плус 20 отсто од следниот трансфер.
Талентираниот играч за врска во родната земја го споредуваат со Лионел Меси, а вниманието на целиот свет го привлече со чудесен гол за турската репрезентација на натпреварот против Велс.
Од тој момент започна потера по него. Се чинеше дека Барса лесно ќе заврши се, но Реал се вклучи и му ја расипа целата работа на големиот ривал.
Арда Ѓулер пристигна во Фенербахче во 2019 година од Генчлербириги. На 16 години дебитираше за првиот тим на големиот истанбулски клуб и стана најмладиот стрелец во клупската историја.
Со заминувањето на Месут Озил од клубот ја доби „десетката“ во Фенер, а со голема веројатност и во Реал ќе ја носи истата бројка со заминувањето на Лука Модриќ на крајот од следната сезона.
Ѓулер одигра 51 натпревар во дресот на Фенербахче и постигна девет гола и 11 асистенции.