Дома Фудбал Како дете ги загубил родителите, живеел на улица и се борел за гол живот: Тажната животна приказна на еден од хероите на ЕП

Како дете ги загубил родителите, живеел на улица и се борел за гол живот: Тажната животна приказна на еден од хероите на ЕП

По својот прв натпревар на Европското фудбалско првенство, Романија ги собра симпатиите на сите неутрални љубители на фудбалот.

Победата од 3:0 против Украина, а подоцна и првото место во групата беа доволни за остварување на сонот на оваа репрезентација.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во осминафиналето лесно беа поразени од Холандија и таму едноставно немаа никакви шанси. Ниту Флорин Ница, чуварот на мрежата кој веќе има 37 години, но од неодамна е прва опција на репрезентацијата, не успеа да му помогне на тимот.

Голманот на Газиантеп во текот на кариерата смени неколку тимови, играше за Конкордија, ФЦСБ, Спарта Прага и Пардубице, а неговиот пат е таков што сите околу него можеа да се угледаат на тоа ниво на посветеност.

Момче кое почна да тренира во Стеауа на седум години, но ги нема најубавите спомени од раното детство, бидејќи на многу рана возраст ги изгубил и двајцата родители.

Неговиот татко умрел под неразјаснети околности кога тој бил сè уште бебе, а неколку години подоцна ја изгубил мајка си. Во тоа време тој постојано се преселувал, дури некое време живееше и на улица.

„Понекогаш не ги чувствував прстите на нозете поради тоа колку ми беше ладно. Патиките што ги носев беа искинати, па врз нив ставав кеси. Но, тоа не ми пречеше да тренирам фудбал. Немав избор, тренирав повеќе од другите, само за да излезам од мизеријата во која се наоѓав, да го остварам мојот сон – изјави Ница.

Флорин завршил во дом за деца без родители, каде го пронашла извесна Пансела Манеа, која потоа го повела на вистинскиот пат.

Тој исто така нагласи дека никогаш не ја изгубил вербата во Бога.

Со верба во Бога се е можно! Никогаш не можам да му се лутам на Бога. Благодарен сум му за се што ми даде и за се што имам сега, бидејќи сигурен сум дека сето тоа е поради него. Никогаш не ме остави. Дури и кога не верував и чувствував дека ја губам битката со овој суров свет. Господ ме извлече од тешката ситуација во која се наоѓав.

Денес Ница е среќно оженет и има две деца со сопругата Лаура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Признание за Ламин Jамал: Младиот фудбалер е избран за најдобар играч во септември

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал ​​е избран за најдобар играч на шпанската Ла Лига за м…