Дома Фудбал Англија Како гром од ведро небо: Марез побара трансфер, Пеп трие раце

Како гром од ведро небо: Марез побара трансфер, Пеп трие раце

Иако во текот на целиот трансфер период се зборуваше дека Ријад Марез кариерата би можел да ја продолжи во Арсенал, се чини дека тоа на крајот нема да се случи.

Марез, кој повторно игра фантастично во дресот на Лестер, веќе нема намера да го носи дресот на „Лисиците“ и побара трансфер пред истекот на рокот за трансфери.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Како гром од ведро небо, во трка се вклучи Манчестер Сити кој веднаш испратил понуда вредна 55 милиони фунти, пренесува британски Скај Спорт.

Запрашан дали неговиот клуб испратил понуда за Марез, Гвардиола одговори:

„Моментално не е време да зборуваме за тоа. Доста е комплицирано.“ – изјави Шпанецот.

Да потсетиме, Граѓаните вчера го комплетираа трансферот на дефанзивецот Лапорта за рекордни 57 милиони фунти.

Доколку го донесат и Марез, прашање е колку тој ќе игра со обзир на жестоката конкуренција во средниот ред, но сигурно во овој период добро ќе им дојде поради отсуството на повредениот Сане.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флорентино Перес потврди дека Реал Мадрид бара малцински акционер

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кажа дека има планови првпат да го отвори …