Дома Трансфер зона Како Агуеро само поради Џон Тери не потпишал за Челзи

Како Агуеро само поради Џон Тери не потпишал за Челзи

Aргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро летото 2011 година дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид за тогаш огромни 40 милиони евра.

Агуеро се покажа како супер потег на клубот од „Етихад“ бидејќи за неколку години стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити. Тогаш Агуеро го сакаа многу европски гиганти, но тој се одлучи да потпише за Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таа година Агуеро се поврзуваше и со Челзи и навистина бил блиску до трансфер во Лондон.

После осум години во Атлетико Аргентинецот постигнал усмен договор со Челзи, но во последен момент тој трансфер пропаднал и Агуеро завршил на „Етихад“.

Наводно причина за тој пропаднат трансфер е капитенот во тоа време на Челзи, Џон Тери.

„Марка“ открива дека Тери го стопирал тој трансфер бидејќи не сакал таков напаѓач во клубот и со својата капитенска улога имал влијание и на трансфер политиката. Тери објаснил дека два пати играл против Агуеро и не му се допаднал како се движи на теренот и сметал дека не е добро решение.

Агуеро така завршил во Сити каде што освои четири титули во Премиер лигата, четири трофеи во Лига купот и еден ФА Куп. Во дресот на Сити одиграл 353 натпревари и постигна 244 гола, запиша 71 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…